fbpx

Алкохолизам: како да знаете дали пиете премногу?

Во предпандемските денови на “happy hours” и празнични забави, алкохолот честопати е социјален лубрикант и симбол на прослава. Додека бевме ставени во карантин дома, чаша вино стана дел од здравицата за уште еден ден заклучени. Иако повремената чаша вино со вечера не е причина за загриженост, кумулативните ефекти од пиењето алкохол може да го земат својот данок, а премногу пиење може да биде знак за нарушување од прекумерна употреба на супстанци.

Знаци дека пиете премногу

Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам (NIAAA), „пиењето се смета за прекумерно кога предизвикува или го зголемува ризикот од проблеми поврзани со алкохолот или го отежнува управувањето со други здравствени проблеми“.

Иако се наведува дека умерената потрошувачка на алкохол е дефинирана како до еден пијалок дневно за жени и до два пијалаци дневно за мажи, нема одредена количина алкохол или фреквенција на пиење што одредува „премногу“.

Па, како да знаете дали вашата врска со алкохолот е нездрава? Индициите не се исти за сите луѓе, но има некои вообичаени знаци:

  • Други даваат коментари за тоа колку пиете
  • Станувате дефанзивни за тоа колку пиете
  • Поставувате граници, но никогаш не ги исполнувате
  • Поминувате време размислувајќи за алкохол, или имате желба за него
  • Алкохолот влијае на вашето здравје
  • Го користите алкохолот како механизам за справување кога се справувате со негативни емоции
  • Често се будите со мамурлак и/или не се сеќавате што се случило кога пиевте
  • Алкохолот е секогаш центар на општествените настани
  • Без алкохол, животот изгледа помалку шарен и радосен
  • Вие сте лично загрижени за вашите сопствени навики за пиење

Прекумерна употреба и нарушување од прекумерна употребата на супстанци

Следењето на таа конзумација може да ви помогне да престанете пред да отидете предалеку, но дури и тогаш би можеле да отиде предалеку, како на пример, до нарушување од прекумерна употребата на супстанци. Важно е да го идентификувате коренот на причината.

Разликата помеѓу прекумерната употреба и нарушување од прекумерна употребата на супстанци има врска со индивидуалните намери или мотивации. Обично, употребата на дрога/алкохол може да биде повремена. Може дури и да биде еднократно искуство. Прекумерната употреба се однесува на честа употреба и во претерани количини што се сметаат за штетни.

Линијата помеѓу двете е тенка. Под злоупотреба на супстанции подразбираме употреба на било каква нелегална супстанција или пак употреба на дозволени супстанции на погрешен начин. Зависноста обично започнува со злоупотреба или нерегилирана употреба на лекови. Ова е првиот чекор кон посериозни дроги и алкохолизам.

Дали ми треба поддршка за мојата врска со алкохолот?

Ако се препознаете во оваа листа на индиции погоре, можеби пиете премногу, но тоа не значи дека имате зависност или нарушување од прекумерна употребата на супстанци.

DSM 5 (Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања), ги специфицира критериумите за нарушување при употреба на супстанции:

  • Земање на супстанцијата во поголеми количини или подолго отколку што треба.
  • Желба да ја намалите или престанете да ја користите супстанцијата, но не успевате во тоа.
  • Трошење прилично многу животни саати за добивање, употреба или закрепнување од употреба на супстанцијата.
  • Не успевате да го направите она што ви е обврска на работа, дома или училиште поради употреба на супстанции.
  • Продолжува да се користи, дури и кога предизвикува проблеми во релациите со другите.
  • Повлекување од важни социјални, професионални или рекреативни активности поради употреба на супстанции.
  • Користење на супстанци повторно и повторно, дури и кога тоа ве става во опасност.
  • Продолжува да се користи, дури и кога знаете дека имате физички или психолошки проблеми што може да бидат предизвикани или влошени од супстанцата.
  • Потребна ви е поголема количина за да го добиете саканиот ефект (толеранција).
  • Појава на неподлосливи симптоми од повлекување (кога не пиете), кои може да се ублажат со земање повеќе од супстанцијата.

Колку и да изгледа мал проблемот со пиењето, па дури и ако знаците не се вклопуваат уредно во некоја категорија, симптомите на злоупотреба на алкохол не треба да се игнорираат.

Краток прашалник

Ако не сте сигурни од каде да започнете, постојат неколку алатки за скрининг што помагаат да се утврди дали некој има нездрава врска со алкохолот. На пример, CAGE (акроним) е прашалник од 4 ставки што може да укаже на потенцијални проблеми со злоупотреба на алкохол.

Одговорете со ДА или НЕ на следниве прашања:

  • Дали некогаш сте помислиле дека треба да го намалите пиењето?
  • Дали луѓето околу вас ве нервираат критикувајќи го вашето пиење?
  • Дали некогаш сте се чувствувале лошо или виновно за тоа колку пиете?
  • Дали некогаш сте почувствувале дека ви треба пијалок наутро (со самото отворање очи) за да ги стабилизирате нервите или да се ослободите од мамурлакот?

Ако одговоривте со “ДА” на 3 или повеќе од овие прашања, добро е да побарате професионална медицинска поддршка.

Каде да добиете помош за нарушување од прекумерна употребата на супстанци

Иако патот напред може да биде тежок, добивањето помош е важно. Треба да се знае дека постојат многу ефективни третмани што им овозможуваат на оние кои се зависници од дрога или алкохол или пак, се соочуваат со некакво нарушување од прекумерна употребата на супстанци, да живеат поздрав и исполнет живот.

Зависноста од алкохол многу често произлегува од длабоко вкоренетата потреба да се смири некаква емоционалната болка и да се избега од притисоците на животот. Не се работи само за самата супстанција, туку повеќе за она што супстанцијата го претставува – привремено ослободување од чувствата на несоодветност, осаменост или нерешена траума.

Физички, нарушувањата на употребата на алкохол може да доведат до заболувања на црниот дроб, како што се цироза, кардиоваскуларни проблеми, ослабен имунолошки систем и гастроинтестинални проблеми. Ментално, тие можат да ги влошат состојбите како депресија и анксиозност, па дури и да придонесат за развој на нови психолошки нарушувања. Социјално, прекумерното пиење може да го наруши расудувањето и да доведе до ризично и самоуништувачко однесување, разнишани односи и проблеми на работа или училиште. Разбирањето и решавањето на нарушувањата од употребата на алкохол вклучува гледање многу подалеку од самата супстанца во поширокиот контекст на животот и менталното здравје на поединецот, со цел да се поттикне закрепнување и издржливост.

Тука спаѓа препознавање на сложената интеракција помеѓу личната историја, емоционалното здравје и самата средина на личноста. Алкохолизмост често е неприлагодлив механизам за справување, вкоренет во обидот да се пополни празнината или да се замолчат одгласите на минатите рани и трауми.

Најефективниот третман обично комбинира повеќе начини и може да вклучува хоспитализација, амбулантски програми, групи за самопомош и секако, индивидуална терапија.

Со решавање на овие основни прашања со емпатија и увид, можеме да почнеме да ја разоткриваме зависноста врз поединците, водејќи ги кон поздрави начини на управување со нивните емоции и враќање на нивното чувство за себе.

Разговор.мк нуди прифатлива, онлајн терапија каде и да сте и ви дава можност да разговарате со идеалниот лиценциран психолог за вас.

Побарај совет од лиценциран психолог

Нашите психотерапевти и психолози се тука да ви помогнат да прераснете во најдобрата верзија од себе: ослободени од прекумерна анксиозност, подготвени за позитивни врски, помалку погодени од срам, самоуверени, креативни и издржливи.

Одговорете на прашалникот подолу и споделете го предизвикот со кој се соочувате. Психолозите на Разговор.мк ќе можат да го видат предизвикот со кој се соочувате и да споделат насока со вас. Доколку преферирате, можете да останете и анонимни.