Интернетот и онлајн платформите се неопходни за да функционираме во новонастанатите услови. Колку што можат да бидат продуктивни, секогаш постои онаа другата страна, страната на злоупотреба. Со објавување на лични информации достапни за голем број луѓе, интернетот создаде простор за врсничко насилство. Сајбербулинг, мобилните телефони или другите уреди за поставување содржина (текстови и слики) се составен облик на електронското насилство со кој секојдневно се соочуваат сè поголем број деца и млади.
Онлајн учењето се повеќе, неосетно ја зголемува можноста за сајбербулинг. Сајбербулингот постоел, но сега е се повеќе изразен бидејќи наставата и повеќето курсеви се одвиваат онлајн и жртви се децата и од машкиот и од женскиот пол. Не би можела да кажам статистички кај кој пол е повеќе изразено ова вознемирувањe. Но, можам да кажам дека ги има кај двата пола во различна форма бидејќи начинот на изразување а со тоа и сајбербулингот е различен во однос на полот.
Сајбербулинг
Присутно е низ сите возрасти во раното, средното детство и во адолесценцијата. Само начинот на ”соџвакување” на непријатностите и начинот на справување со нив е различен во зависност од возраста но и од срединските фактори. Кога зборувам за средински фактори, мислам на родителите, наставниците и општествените структури кои можат да препознаат а, понатаму да дејствуваат.
Видови
- Грубо расправање преку интернет
- Вознемирување
- Озборување и клеветење
- Изнудување и ширење на информации
- Лажно претставување
- Социјалјно исклучување (неможност да се пристпи во одредена интернет група)
- Заканување
- Ширење на видеоснимки
Совети
Најмоќните средства на родителите и на наставниците се ДЕТЕКТИРАЊЕ, ДОВЕРБА и РАЗГОВОР. Овие нешта се градат уште со првите контакти со децата. Така се создава “средина” во која детето, а понатаму и адолесцентот ќе се чувствува безбедно и ќе може да се довери и да дискутира на многу теми.
Токму затоа потребно е возрасните да следат што нивните деца гледаат на социјалните медиуми. Колку време поминуваат на нив? Какви содржини конзумираат? За жал, во последно време се повеќе и повеќе се шират секакви видеа, коментари и слики по различни платформи. Овие содржини може да го отежнат воспитувањето бидејќи нудат сосема друга димензија која се вика агресија и неморалност. Од друга страна постојат како медиуми за врснично насилство, исмејување, игнорирање и отфрлување.
Практични совети
Токму затоа возрасните будно треба да ги следат децата во однос на тоа што гледаат од една страна, а од друга страна се повеќе да потенцираат дека компјутерите и интернетот се алатки за учење, забава и дружба, дека постои етика и последици и во овој виртуелен свет.
- Откријте дали Вашето дете е жртва или агресор во сајбербулингот и со мирен тон зборувајте на таа тема и веднаш стопирајте ја. Објаснете дека за се има решение и заедно дојдете до решението ако е жртва а, ако е агресор зошто тоа го прави, што добива а, што губи и веднаш да престане со вознемирувањето.
- Зборувајте за тајноста на податоците, сликте и другите информации кои е непосакувано да ги споделуваат бидејќи така се изложуваат на поголема веројатност за сајбербулинг. Поставете правила што може да објавуваат и да читаат, информации ако добие вознемирувачка порака да се довери на оној возрасен во кој има доверба, да не ја брише и да не одговара на неа.
- Зборувајте и слушајте ги децата. Никогаш не ги обвинувајте!
- Бидете родител кој ќе штити
- Слободното време структурирајте го со други содржини, физичка активност, дружба, релаксација за да поминува помалку време на интернет но и да се сврти кон други области.
- Доколку има потреба родителот може да побара стручна психолошка помош за неговото дете но и за себе како да се справува и тој во оваа ситуација.
- Никогаш не е доцна за помош!
Генерациски разлики
Децата можеби знаат повеќе од родителите и наставниците за технологијата, но возрасните знаат повеќе за животот.
Затоа, возрасни поставете правила и да барајте да се почитуваат.
Дали некогаш би ги снемало овие феномени булинг и сајбер булинг?
Некако не сум оптимист дека целосно ќе исчезнат. Но, верувам дека зачестеноста, заштитата и справувањето со нив можат да се подобрат. Доколку имаме општество, макроструктури и микроструктури кои будно го следат малтретирањето преку социјалните мрежи кај оваа ранлива категорија децата, навремено и соодветно стручно и правно реагираат, веројатноста да ги заштитиме е поголема.
Доколку го игнорираме вознемирувањето или не се справуваме со него, создаваме болна нација уште од мали нозе. Деца кои во иднина можат да прераснат во потенцијални жртви или агресори.
Ова е глобален проблем во кој треба да се вклучат повисоки инстанци! Замижувањето, игнорирањето или обезвреднувањето на сајбербулингот е начин на ставање на проблемите под тепих! Но лузните, траумите кога тогаш ќе излезат на површина а, тогаш може да биде уште посериозно!
Побарај совет или насока од Розалија Секулоска
Мојот пристап е насочен кон клиентот, што значи дека ги приспособувам моите методи за да ги исполнам специфичните потреби и цели на секој поединечен клиент. Доколку ви е потребна помош или насока, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.