По скоро една година навигација по безбедносни протоколи и социјална изолација поради пандемијата, многумина чувствуваат огромно олеснување сега кога е извесно дека имаме пристап до вакцина. Нашиот ментален простор започнува да се менува додека пропаста и мракот, полека, се чини дека се расчистуваат. Може ли да има светло на крајот од овој мрачен тунел?
Се чини дека постои колективна воздишка на олеснување, иако привремено. Тоа е затоа што пополека се гледа крајот на пандемијата. Но, се уште ништо не е готово. Треба да бидеме внимателни колку се возбудуваме. И, исто како што еволуиравме и адаптиравме минатата година во карантин, ќе треба да продолжиме да го правиме тоа и за време на вакцинацијата и периодот што следи.
Посветеност на грижа за себе
Кога за првпат беше прогласена пандемијата, луѓето беа зачудени дури и од идејата да носат маска секојдневно и физички да се дистанцираат неколку недели. Она што не успеаја да го разгледаат е аспектот на менталното здравје на нешто историско како пандемија. .
Во март, април, луѓето беа среќни што работеа од дома. Можеа да носат пижами, а потоа до јули, август, веќе почна да се забележува влијанието врз менталното здравје. “Јас сум вознемирен, депресивен, јадам премногу„ – ова беа само некои од изјавите на луѓето.
Тешко е да не се чувствувате потрошени од пандемијата. Поради ова луѓето се возбудуваат од идејата работите полека да почнуваат да се менуваат. Сепак, и по вестите за вакцината, многу луѓе ветуваат дека ќе продолжат да работат на грижата за себе. Тоа ќе го прават преку купување специјални маски или преку обврска да продолжат да пишуваат дневник секојдневно.
Вакцината не значи крај на сите грижи
Терапевтите имаат можност да ги психо-едуцираат клиенти. Дел од тоа образование е да се осгиураат дека пациентите знаат дека една доза од вакцината не значи крај на здравствените протоколи. Потребни се две дози. Клиентите исто така треба да знаат дека вакцината нема да понуди 100% заштита од заболување. Но, дури и по инфекцијата, веројатно ќе ги намали симптомите или степенот на сериозноста на болеста. Исто така, науката сè уште не може со сигурност да утврди дали оние кои биле вакцинирани може да продолжат да шират КОВИД на оние кои не биле вакцинирани.
Во крајна линија: треба да продолжите да се грижите за себе и за другите.
Голем дел од грижата за себе е да создадете простор, идеално дома, каде ќе се чувствувате пријатно. Обидете се да го најдете идеалното место каде што можете да практикувате некаква грижа за менталното здравје.
Компромис за скептиците
А што е со оние кои се двоумат или се скептични околу вакцинирањето? Артур Ц. Еванс Јуниор, извршен директор на Американската асоцијација за психологија, минатата година напиша напис за „Хил“. Во овој текст се посочува дека луѓето имаат поголема веројатност да направат нешто доколку се чувствуваат дека е дел од компромис.
Тоа значи да се пренесе пораката до скептиците дека вакцинацијата ќе помогне да се избрише вирусот. А, за возврат, ќе се укинат тешките барања што се во моментов, како физичко дистанцирање и носење маски или карантин.
Комуналната жртва и соработката се нешто со што сите можеме да се гордееме, а не нешто за да се спротивставиме.
Давање приоритет на оние со сериозно ментално заболување
Студија објавена минатата година ја нагласи важноста од максимизирање на бројот на вакцините за оние кои живеат со тешка ментална болест. Студијата призна дека бариерите на ниво на системот, како што се „пристапот, прифатливоста, свесноста за услугите, трошоците и другите практични размислувања“ може да ги спречат оние со ментална болест да примаат вакцина.
Совети за како да го пребродите овој период
Да се посветите на практика на грижа за себе и да создадете сакрален простор за себе се два начина да ја држите главата горе за време на овој период. Еве неколку дополнителни совети за како да ја надминеме веројатно последната фаза на пандемијата :
- Запомнете дека веќе го поминавме најтешкото време, кога не знаевме кога и дали ќе има вакцина. Сега знаеме дека вакцината е тука. Добивме сила – мора да ја задржиме.
- Потпрете се на вашиот систем за поддршка. Само затоа што го гледаме спас во вакцината, не значи дека не треба да продолжуваме да комуницираме со нашиот круг на блиски. Проверете ги другите и споделете како се чувствувате.
- Продолжете да разговарате со професионалци за ментално здравје и медицина.
- Не заборавајте да продолжите да го следите протоколот. Останете дома но обидете се да најдете забавни активности.
Иако вестите за вакцините секако ни даваат причина да бидеме оптимисти, да не заборавиме дека тоа не е лек за сите. Дојдовме до овде, да не одиме назад сега! Се надеваме дека имајќи ги на ум овие предлози, ќе бидете во можност да се упатите во следните неколку месеци со чиста енергија.
Ако се борите и барате некој во кој ќе имате доверба, разговорот со лиценциран терапевт може да биде одличен начин да продолжите напред.