Секоја индивидуа различно го доживува, преживува, успева или не успева да се справи со фактот дека станува родител. Тоа е голема, еволутивна промена. Основната наша човекова функција е репродукција, а тоа е создавање на поколение и грижа за него. Кај некои тој период поминува помалку стресно а, кај некои можат да се случат огромни промени.
Промени кои настануваат кога некој станува родител
Периодот на станување на родител може да изобилува со силни лични и смејени промени. Некои од нив се позитивни, а некои се негатини или така некоја од страните ги доживува. Навистина да се создаде поколение е стресен чин како за мајката, така и за таткото. Мајката за прв пат се реализира во жена и мајка а, таткото во родител и маж. Од еднаш додека тие се доживувале како да се заштитени од своите родители, сега тие се родители и им се наметнува улога и функција да мислат, осмислуваат, негуваат, заработуваат и целосно да се грижат за најмилото.
Трети страни во родителството
Понекогаш, припадниците од макро семејството сакаат да помогнат. Некои тоа го прават вешто почитувајќи ги правилата и границите на младото семејство, други се незаинтересирани и ги оставаат новите родители сами да се учат што значи таа функција, а трети пак она што не успеале да го реализираат кога биле родители од многубројни причини, сега го доживуваат по втор пат родителствувањето, но на одминати години.
Некои од третите наместо да се стават во улога на баба или дедо, несвесно ги мешаат улогите со што ја завземаат улогата на мајката или на таткото. Можеби во некои околности кои се многу ретки, тоа е најдобрата варијанта. На пример мајката е во постнатална депресија, родителите се незаинтересирани и несоодветни, родителите се починати или нешто помалку екстремно, имаат обврски, болни се и во одреден период потребна им е помош и поддршка околу негата и грижата на децата.
Проблемот се случува кога улогите во семејната клета се изместуваат до тој степен, што веќе не се знае кој е кој. Бабите стануваат мајки, дедовците стануваат татковци. Границите, улогите, правата и обврските на родителите се загрозени а, децата се во конфузија кој е кој. Оваа игра се случува на несвесно ниво. Времето поминува и улогите се мешаат се додека родителите не се освестуваат дека го загубиле приматот РОДИТЕЛ во детските очи.
Ваквата семејна атмосфера колку и да изгледа однадвор здрава не е здрава. Во ваква ситуација никој не расте а, децата немаат соодветни модели на идентификација. Со други зборови не ги осознале своите родители автентично со сите нивни доблести, маани, капацитети и недостатоци. Овој модел на воспитување има веројатност трансгенерациски да се пренесува се додека некој одлучи да ги постави членовите на вистински место. Тоа е тешка борба, но вреди!!!
Родителството е процес
Родителството или воспитувањето на децата е процес на промовирање и поддршка на физичкиот, емоционалниот, социјалниот и интелектуалниот развој на детето од детството до зрелоста. БИДЕТЕ РОДИТЕЛИ ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ!
Побарај совет или насока од Розалија Секулоска
Мојот пристап е насочен кон клиентот, што значи дека ги приспособувам моите методи за да ги исполнам специфичните потреби и цели на секој поединечен клиент. Доколку ви е потребна помош или насока, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.