fbpx

Анонимно советување преку интернет – зошто и како?

Зошто луѓето избираат анонимни советувања?

Постојат многу причини зошто луѓето претпочитаат анонимни советувања. Некои се многу срамежливи и се чувствуваат побезбедни кога остануваат анонимни. Тие се отвораат полесно кога знаат дека нема да бидат идентификувани, особено кога се зборува за тешки теми, како сексуални проблеми или други „табуа“. Анонимноста, како и физичката оддалеченост помеѓу клиентот и психологот во советувањето преку Интернет може да бидат многу корисни. Многу луѓе кои избираат анонимни советувања, лесно се отвораат за овие проблеми, откако ќе знаат дека нема да бидат идентификувани.

Друга причина зошто луѓето избираат анонимни советувања преку интернет е да ги одржат границите помеѓу терапевтскиот простор и нивниот личен живот. Ова е особено важно за луѓето кои живеат во помали градови или средини и постои голема веројатност да налетаат на својот терапевт во секојдневниот живот.Изборот да разговараат со психолог преку интернет го елиминира овој проблем. Конечно, изборот на анонимно советување обезбедува дополнителен слој на безбедност и приватност. Причините за избор на анонимно советување се различни, но процесот е секогаш ист.

Како функционира анонимното советување?

Ваква можност за луѓето во Македонија нуди исклучиво Разговор.мк преку мобилната апликација за Андроид уреди.

Генерално, советувањето функционира исто како и секое друго советување преку Интернет.
Откако ќе ја спуштите апликацијата, се што треба да направите е да внесете прекар, возраст и пол и веднаш ќе можете да ги разгледате терапевтите на платформата!

Вашиот идентитет не е важен за успешно советување, туку тоа е содржината на е-пораките и сесиите за советување. Значи, ако анонимноста ви помага да се отворите за своите проблеми или да се чувствувате пријатно, тоа е навистина сè што е важно.

Откако ќе ги разгледате професионалните терапевти и советувачи на платформата и ќе го одберете најпогодниот за вас, се што треба да направите е да го одберете терминот, да ја закажете сесијата и да го остварите вашиот разговор!

Дали ова навистина може да функционира?

Да! Овој метод е испробан и веќе функционира во САД и во Европа. Анонимноста не значи дека треба да лажете за вашите предизвици. Напротив, тоа значи дека можете да бидете отворени и искрени за она што навистина се случува во вашиот живот.

Доколку сакате да го испробате овој метод спуштете ја Разговор.мк мобилната апликација за Андроид уреди.