Посветувањето повеќе време на вашето хоби може да ја зголеми самодовербата на работното место
Никој од нас не ужива во пренесување на нашата работа во слободното време. Па, следниот пат кога вашиот шеф ќе ве замоли да работите доцна и да ја испуштите пробата на вашиот бенд или “boardgame night” со вашите пријатели, посочете ги кон оваа студија. Истражувачите откриле дека трошењето повеќе време на хоби може да ја зајакне довербата на луѓето во способноста добро да ја извршуваат својата работа. Но, внимавајте – ако вашето хоби е премногу слично на вашата работа, тогаш поминувањето повеќе време на вашето може всушност да има штетен ефект.
Голем број на студии разгледале како семејниот живот може да влијае на продуктивноста и задоволството на работното место, но има изненадувачки малку истражувања за влијанието на слободните активности. Така, Киара Кели од универзитетот Шефилд и нејзините колеги регрутирале 129 хобисти – од аматерски планинари до комичари – со цел да истражат како времето поминато на нивните хобиа го обликувала нивниот работен век.
За почеток, тимот ја мери сериозноста на хобито на секој учесник, барајќи од нив да го оценат својот труд со изјави како „Јас редовно тренирам за оваа активност“ и, исто така, истражува колку се слични барањата на нивната работа и нивното хоби. Потоа, секој месец во рок од седум месеци, учесниците запишуваат колку часови посветиле на својата активност и пополнуваат анкета со која се мери вербата во нивната способност ефикасно да ја извршуваат својата работа или нивната „самоефикасност“ со изјави како „На работа, јас сум во состојба успешно да надминам многу предизвици“.
Истражувачите откриле дека кога учесниците поминувале подолго од нормалното на својата активност за слободно време, се зголемило верувањето во нивната способност да ја извршуваат својата работа. Но, ова е случај само кога тие имале сериозно хоби што не е слично со нивната работа или кога нивното хоби е слично на нивната работа, но тоа го прават со помал интензитет. Кога нивното хоби било сериозно и слично на нивната работа, тогаш трошењето повеќе време на тоа, всушност, имало штетен ефект, намалувајќи ја нивната самоефикасност.
Зошто се случува ова? За да се одржи сериозно хоби, луѓето треба да инвестираат значителни психолошки ресурси, велат авторите – така што доколку дејноста има исти видови на побарувања како и нивната работа, тие може да останат исцедени и не можат да ефикасно да ги извршуваат работните задачи. Но, ако нивното хоби е доста различно од нивната кариера, може им помогне да развијат други знаења и вештини што пак ќе ја зголеми нивната самодоверба на работното место.
„Размислете за научник кој е страствен алпинист“, вели Кели. „Бидејќи искачувањето е далеку поразлично од нивните секојдневни работни активности, тие можат да закрепнат од барањата на нивната кариера и да ги обноват своите ресурси“.
Се разбира, податоците не даваат убедлив доказ за насоката на ефектот: можно е, на пример, времето што луѓето го поминуваат на своите хобиа да биде под влијание од нивните искуства на работа, а не обратно. Би било интересно да се знае како се споредуваат луѓето без хоби: дали е подобро да имате сериозно хоби што е слично на вашата работа или воопшто немате хоби?
Сепак, резултатите сугерираат дека компаниите можеби ќе сакаат да ги охрабрат вработените да ги следат своите интереси надвор од работата, сè додека тие активности се разликуваат од нивните дневни задачи.