Вознемиреност и депресија за ЛГБТ лицата
Ако сте лезбејка, геј, бисексуалец или трансродова личност (ЛГБТ) и се борите со вознемиреност и депресија, да започнеме со тоа што ќе ги ставаме работите во контекст, мислејќи на моќните животни искуства кои сте ги поминале и фундаментално влијаат на вашатата добросотојба.
Некаде помеѓу 30 и 60 проценти од лезбејките, геј мажите, бисексуалците или трансродовите луѓе се справуваат со вознемиреност и депресија во одреден момент од животот. Оваа стапка е 1,5 до 2,5 пати поголема од онаа на стрејт луѓето. Тоа е неверојатно голем број и отвора многу прашања. Додека целиот одговор за тоа зошто луѓето од ЛГБТ заедницата имаат поголеми стапки на вознемиреност и депресија е несомнено комплексен, еве како контекстот е клучен за да го разберете тоа сами.
Станува збор за контекст
Ако сте ЛГБТ, ќе се обложам дека навистина сте добри во читањето на ситуацијата за да одредите колку можете безбедно да бидете тоа што сте. Оваа вештина, иако помага во прилагодување, има и негативни страни затоа што е развиена како одговор на изложеноста на постојани предрасуди и дискриминација. На пример, само прашајте кој било тинејџер што го привлекуваат луѓето од ист пол (или размислете на вашите сопствени искуства) и ќе чуете (или сетите) живописни примери на страв, срам и потсмев што водат до изострување на вештината како да ја прочитате ситуацијата. Животот во контекст на лезбејка, геј човек, бисексуалец или трансродова личност, го обликува и вашиот внатрешен свет. Тоа влијае на тоа како размислувате и како се чувствувате во врска со себе. Како одговор на надворешниот свет полн со негативни пораки за тоа што значи да ве привлекуваат луѓе од ист пол или родово неусогласени луѓе, многу почнуваат да гледаат на себе како личност со длабоки недостатоци.
Малцински стрес
Психолозите го споменуваат овој контекстуален процес на справување со постојаните предрасуди и дискриминација како стрес на малцинствата. Многу студии покажауваат дека има моќни, трајни и негативни влијанија врз менталното здравје и благосостојбата на ЛГБТ лицата.
Крајна линија: Создава неизбежна ситуација на борба со вознемиреност и стрес.
Вашиот живот во поголем контекст
Справувањето со стресот на малцинствата не ја раскажува целата приказна во животот на лезбејките, геј мажите, бисексуалците или трансродовите лица. Има нешто повеќе во животот на секоја личност од тоа: Гордоста, силата и чувството за припадност, пријателството и љубовта кон другите ЛГБТ луѓе и нивните поддржувачи. Сите ние, без разлика дали сме хомосексуалци, стрејт или некаде помеѓу нив – сме повеќе од тешкотиите со кои мораме да се соочиме.
Ако барате поддршка
Разговор.мк нуди можност брзо, едноставно и анонимно да исконтакитрате професионален терапевт или советувач. Можете да закажете 30 минутна сесија базирана на допишување и да се едуцирате за вашата состојба или да ја решите дилемата со која се соочувате.