Како читањето го подобрува нашето ментално здравје
Уште од најмала возраст, повеќето од нас се охрабрувани да читаат од страна на своите родители или учители, со цел да го зголемиме нашето знаење за светот и да ги подобриме нашите јазични вештини. Без разлика дали како мали сте развиле навика за читање па со тек на време сте ја изгубиле, или читањето од секогаш ви претставувало здодевна активност, тоа може да има длабоко позитивни ефекти врз вашиот живот. За они кои никогаш не го сметале читањето за активност во која може да уживаат, можеби е време да пробате. Постојат безброј книги на секоја тема што може ќе ви текне, а и секој може да се пронајде во некој фиктивен лик. Како и да е, дури и кога ќе ја избереме вистинката книга, на почетокот секогаш постоај потешкотии. Доколку поминале години од кога последен пат сте прочитале книга оф корица до корица, можеби ќе наидете на проблеми. Читањето е исто како вежбање на мускул од телото и со време брзината и разбирањето ќе се подобрат. Покрај “oстрењето” на вашиот мозок, читањето има и значителни ефекти врз менталното здравје.
Поврзаност
Се покажало дека менталното здравје е силно поврзано со квалитетот на врските и човековата поврзаност. Луѓето кои се чувствуваат изолирани, осамени или отсечени од остатокот на светот, со поголема веројатност страдаат од разни проблеми со менталното здравје, вклучително и депресија и нарушувања поврзани со употреба на супстанции. Додека предложениот лек за оваа исклучена состојба е вообичаено да пробате нови работи и да запознавате нови луѓе во процесот, постојат и начини кои се помалку веројатни да ви создадат вознемиреност. Читањето може да биде одличен почетен чекор за развој на здрави врски со тоа што ќе ви овозможи да ги разбудите емоциите и да доживеете емпатија. Истражувањата сугерираат дека поврзаноста со фиктивни ликови ви овозможува подобро да го разберете човечкото искуство и да го проширите ова искуство на начините на кои се однесуваат на луѓето во реалниот живот.
Подобрување на менталната флексибилност
Кога читате, принудени сте да се вселите во умот на некој друг и да гледате луѓе, концепти и ситуации надвор од сопствената перспектива. Ова важи за секое читање, но се покажа дека фиктивната литература и поезија се особено ефикасни во предизвик на умот и на отворање кон нови толкувања на реалноста. Една студија открила дека сложените концепти што често се наоѓаат во поезијата го стимулираат мозокот на начин што ја подобрува способноста на читателот да размислува надвор од кутијата. Негувањето на здрава ментална флексибилност ви овозможува да решавате проблеми на нови, креативни начини и може полесно да ги постигнете промените во однесувањето и навиките.
Го намалува стресот
Откриено е дека читањето ефикасно го намалува нивото на стрес после само триесет минути. Важно е да изберете нешто во што уживате, што нема да предизвика вознемиреност или огромна тага за да го постигнете овој ефект. Може да ве опушти читањето нешто за хоби што ве интересира, или пак можете да добиете терапевтски ефект од некој романтичен роман. Читањето ви овозможува да избегате од вашиот сопствен ум и да живеете друг живот за кратко време. Можете да патувате, да се заљубите, да одите на авантури и да надминете голема неволја од удобноста на вашата дневна соба. Ова имагинативно бегство може да биде здрав начин да се одвлечете од стресот во секојдневниот живот.
Зајакнување на когнитивната функција
Читањето отсекогаш било поврзано со интелигенцијата, најмногу затоа што е одличен начин за апсорпција и задржување на информации. Исто така, откриено е дека самиот чин на читање ја подобрува поврзаноста на мозокот. Нашите мозоци формираат невролошки врски додека ги учиме и ги остваруваме нашите когнитивни способности и овие врски ја подобруваат целокупната функција на мозокот. Истражувачите теоретизираат дека читањето ни овозможува да имитираме вистинско искуство во нашите умови, обезбедувајќи ни ги придобивките од емоционалниот раст на ликот и можноста да ги надминеме предизвиците, без да мораме сами да го поминеме искуството. Зголемената поврзаност, откриена во скенирањето на мозокот на читателите, трае долго откако читателот ќе ја спушти книгата. Оваа подобрена когнитивна изведба веројатно има многу позитивни импликации врз менталното здравје и целокупната благосостојба на читателот.