fbpx

Ве мачи внатрешен конфликт?

Ве мачи внатрешен конфликт?

Многу луѓе се соочуваат со животни предизвици и проблеми кои создаваат внатрешен немир и непреспиени ноќи. Мерењто на нашиот успех во нерешени внатрешни конфликти може до доведе до чувство на вина, срам или желба да живееме некој туѓ “перфектен” живот.

Слушај

Најкорисната вештина за решавање на било каков конфликт во кои сме вклучени, особено ако е тоа конфликт со себе, е внимателното слушање. Дадете си можност да си признаете дека сте емотивно истоштени и негувајте го вашето емоционално здравје. Одговорите ќе излезат на површина кога ќе му дадете глас на тоа што се во вашата глава.

Направи чекор назад

Она на кое што размислуваме е она кое што не контролира. Не дозволувајте да ве контролира вашата перцепција за вашите лимити. Неможноста за решавање на внатрешниот конфликт е привремена ако не дозволиме да остави трајни импресии врз нас.
Земи здив, визуелизирај како правиш чекор назад и буквалнот направи чекор назад, издиши.

Бидите свесни и соочете се

Потребно е да се соочите со предизвиците со кои се соочувате. Овие предизвици живеат во нашата потсвест и кога активно се обидуваме да ги одбегнеме. Болно или не, потребно е свесно да го прифатиме внатрешниот конфликт со кој се соочуваме, да го разбереме и подоцна да донесеме одлуки за кои мислиме дека се правилни. Бидете свесни за вашите можности и донесувајте здрави одлуки.